ВИДЕО: Промовиран новиот електромобил „Тесла Модел Ипсилон“

Од:

Компанијата „Тесла“ го промовираше својот втор автомобил на електричен погон, „Модел Ипсилон“, чија почетна цена е 47.000 долари.

Директорот на компанијата, Илон Маск најави дека стандардната верзија по цена од 39.000 долари ќе биде достапна од 2021 година.

Маск претходно го опишуваше „Модел Ипсилон“ како дел од плановите за пристап до поширок круг потрошувачи, следејќи го примерот на „Моделот 3“, кој е најевтиното возило на овој бренд, што се појави на пазарот во 2017 година.

Првиот, поскап модел ќе може да мине 482 километри со едно полнење, а стандардниот ќе има „домет“ од 500 километри.

Првите испораки се очекува да почнат наредната година, а за нив веќе има десетици илјади заинтересирани.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов