(ВИДЕО) Почина најнискиот маж на светот висок само 67 сантиметри

Од:

Човекот кој влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ како најнизок маж на светот, Тапа Магар, почина во петокот на 27 годишна возраст поради воспаление на белите дробови.

Магар е роден во Непал во 1992 година, а кога се родил бил со големина на дланка.

Со своите 67 сантиметри висина, тој беше најнискиот човек на планетата кој самиот може да се движи. Единствено понизок од него беше Џунри Белавинг од Филипините, кој го држеше рекордот на најнизок неподвижен маж на светот и беше седум сантиметри понизок од Магар. Тој беше врзан за постела поради болест на коските.

Во 2011 година Магар беше прогласен за амбасадор на добрата волја на Непал во сферата на туризмот. Тој пропатува десетици земји во светот и гостуваше на телевизии во Европа и во САД.

„Животот може да биде многу тежок кога сте тешки само шест килограми и не се вклопувате во свет прилагоден на личности со просечна висина“, пишуваше на веб-страницата на „Гинисовата книга на рекорди“.

Би можело да ве интересира

На следниот попис Непал воведува и трет род

Ана Ололовска

Седум лица се водат како исчезнати по лавина на планина во Непал

А1он

Во Непал приведени 122 Кинези поради кибер криминал

Ана Ололовска

Во сообраќајна несреќа во Непал загинаа 14 аџии

Ана Ололовска

Во Непал автобус падна во река, 15 загинати

Ана Ололовска

Непал и Кина заеднички ќе го мерат Монт Еверест

Ана Ололовска