ВИДЕО: По 43 години, Доли Партон повторно „зајачица“

Од:

Американската кантри-пејачка Доли Партон, по 43 години, повторно го облече „Плејбој“ костимот на тн. „зајачица“. Имаше и посебен повод за тоа.

Доли сакаше роденденот на нејзиниот сопруг да го направи посебен, па облече ист костим како во 1978 година, кога позираше за познатото „машко списание“.

– Се сеќавате кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 ​​години? Е па, јас имам 75 години ама списанието го нема, но мојот сопруг секогаш ја сакаше таа оригинална насловница на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа!… Мислите дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!, вели таа во видеото.

Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си рејдио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.

– Значи, да, можно е. Да, разговаравме за тоа, рече таа.

Би можело да ве интересира

Сандра Булок: Не сум имала врска со Кијану Ривс

Ана Ололовска

Кијану Ривс: Можеби, сѐ уште сум вo брак со Винона Рајдер

Ана Ололовска

Селма Хајек: Мислам дека во куќата во Лондон имав духови

Ана Ололовска

„Пипл“: Крис Еванс е најубавиот маж за 2021 година

Ана Ололовска

Брижит Бардо осудена на 20.000 евра парична казна за јавни навреди

Ана Ололовска

Вил Смит помислувал да го убие својот татко

Ана Ололовска