ВИДЕО: Пица во време на коронавирусот

Од:

Неапол е полн со пицерии кои во ова време на пандемија, се затворени… Тоа е проблем и за сопствениците и вработените, но и за многубројни Италијанци, на кои им фали нивниот национален специјалитет, па се обидуваат дома сами да си направат пица приближно онолку добра како онаа на која се навикнале.

Според официјални податоци, во Италија има 76.457 угостителски објекти кои заработуваат од правење, служење и домашна испорака на светски најпознатата италијанска закуска. На врвот на листата е југозападната област Кампања, на која отпаѓаат 16 отсто од угостителските објекти.

За пица-мајсторите, како и за граѓаните, пандемијата и изолацијата се огромен економски проблем, но и удар врз идентитетот. Така, некои „стручњаци во својата област“ почнаа на интернет да ги прикажуваат своите вештини, рецепти и специјални зафати и состојки.

Porzio..ni di #Pizza non è una scommessa ma un #Progetto !! #Mortadella #Provola #Pistacchio

Posted by Errico Porzio on Среда, 19 февруари 2020

Енрико Порцио, пица-мајстор од Неапол, на Фејсбук има речиси половина милион прегледи дневно на својот видео-водич.

Италијанската Влада понуди помош за луѓето кои се загрозени со својата работа поради пандемијата.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов