ВИДЕО: Пентагон објави снимка од потера по НЛО

Од:

Откако признаа постоење на тајна програма за истражување на неидентификувани летечки објекти (НЛО), Пентагон објави и видео од една необјаснета средба на пилот и НЛО.

Командантот Дејвид Фрејвор и поручникот Џим Слејт во 2004 година летеле со авионот Ф/А-18Ф на стандардна мисија над обалата на Сан Диего, кога биле контактирани од офицер од бродот УСС Принстон и ги замолил да истражат непознат летечки објект над морето.

Според Фрејвор, офицерот им рекол дека тој брод веќе две недели го прати мистериозно летало. Објектот се појавил на висина од 24 илјади метри, но брзо се спушил до висина од 6 илјади метри каде што лебдел.

Пилотите ги следеле инструкциите од бродот и на почетокот не можеле да забележат ништо. Меѓутоа, кога Фрејвор погледнал кон морето видел бранови. Тогаш го видел леталото на само петнаесет метри над морето. Било бело, долго околу 12 метри и овално, раскажува тој.

За „Њујорк тајмс“ тој рекол дека леталото неправилно се движело. Фрејвор внимателно го спуштил авионот за подобро да го види објектот, но тогаш објектот почнал да се крева кон него.

Сепак, Фрејвор забрзал кон него, го променил правецот и исчезнал.

– Забрза како нешто што дотогаш немав видено. Тоа ме изненади, рече тој.

Иако не знае за што се работи, тој кажува дека на леталото не видел крила, а било многу побрзо од ловец Ф-18.

Кога разговарале со бродот, официрот им кажал дека повторно го здогледале објектот, но Фрејвор не можел да верува дека тоа НЛО за толку кратко време може да помине толкав пат.

Додека Фрејвор и Слејт стигнале до местото каде што е видено НЛО, тој повторно исчезнал.

Пентагон признава дека пет години спроведувале тајна програма за истражување НЛО, која завршила во 2012 година кога американските власти се решиле да се фокусираат на други приоритетни програми.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Волстрит журнал: САД призна дека на Пентагон му снемуваат пари за вооружување на Киев

Горан Наумовски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ