ВИДЕО: Откриена јахтата на Стив Џобс

Од:

Јахтата на Стив Џобс, која го носи името на римската божица Венера, е откриена вчера во Холандија.

На изгледот на јахтата Џобс работел со познатиот дизајнер Филип Старк. Таа е долга меѓу 70 и 80 метри, има огромни стаклени паноа. Бродот е опремен со седум iMac компјутери со 27-инчни екрани.

Покојниот Џобс претпоставувал дека нема да доживее да го види бродот, но до последниот ден работел на дизајнот.

„Знам дека е можно да умрам и да ја оставам Лаурен со недовршен брод. Но морам да продолжам понатаму, зошто ако не продолжам, тоа ќе биде признание дека наскоро ќе умрам“, рекол Џобс во биографијата која ја објави Волтер Исаксон.

За жал Стив Џобс почина во октомври мината година и не ги виде резултатите од својата долгогодишна работа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска