ВИДЕО: Откако претходно откри дека е бремена, Јана кажа „ДА“ на нејзиниот дечко

Од:

Откако пред нејзиниот настап со видео-претставувањето Јана Бурческа, македонската претставничка на Евровизија, објави дека е бремена, по завршувањето на натпреварувачкиот дел и додека се чекаа резултатите од гласањето, нејзиниот дечко Александар ја побара за жена.

По завршувањето на сите земји од втората полуфинална вечер, за време на ревијалниот дел, водителите вниманието го свртеа кон Јана Бурческа, каде што нејзиниот дечко Александар клекна пред неа со прстен и ја запроси, на што таа без двоумење одговори „Да“.