ВИДЕО: Опра Винфри стана сопственик на магичен ранч од 6 милиони долари

Од:

Опра Винфри стана сопственичка на луксузен ранч во Монтесито, Калифорнија, објави „Today“. За имотот славната водителка плати 6 милиони и 85 илјади долари.

Имотот е изграден во 1919 година, а детално реновиран во 2016-та и се наоѓа на околу 4 хектари бујна зелена површина.

Внатрешноста е исполнета со платформи со дрвени греди, подови од тврдо дрво и дури пет канина. Просторот е максимално осветлен, поради големиот број прозори и француски врати.

Покрај трите спални соби во куќата постои и издвоена куќа за пријатели, семејство или гости кои би доаѓале повремено.

Имотот вклучува и базен, коњички објект со штала, овоштарник со цитруси и градина со пеперутки.

„Кралицата на медиумите“, Опра во Монтесито веќе има вила вредна неверојатни 90 милиони долари, што се простира дури на 23 илјади квадратни метри.

Би можело да ве интересира

Фирмата за кафе каде Џорџ Клуни е заштитно лице се соочува со обвинувања за злоупотреба на детски труд

Ана Ололовска

Пејачката Дафи била заробена, дрогирана и силувана пред да се повлече од сцената

Ана Ололовска

Најмладиот син на Мајкл Џексон си го смени името

Ана Ололовска

Емили Ратајковски на 2-годишнината од својата венчавка, објави ново видео

Ана Ололовска

Кејти Пери се пофали со нова фризура, фановите и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво

Ана Ололовска

Кирк Даглас остави 60 милиони долари во хуманитарни цели

Ана Ололовска