ВИДЕО: Новата песна на Адел за една недела продадена во над милиони примероци

Од:

Новата песна на британската пејачка Адел, „Hello“ стана прва нумера во светот која во првата недела по објавувањето е продадена во повеќе од еден милион примероци.

Како што соопшти дискографската куќа „Нилсен Мјузик“, за една недела новата песна на Адел е продадена во 1,11 милиони дигитални копии.

Досегашниот рекорд на најдобро продавана песна во првата недела од објавувањето го држеше американскиот рапер Флоу Рајд, чиј хит „Right Round“ достигна продажба од 635.000 примероци.

„Hello“ се проби и на првото место на британскиот билборд топ 100. Ова е четврта песна на Адел што се најде на првото место на оваа листа по „Rolling In the Deep“, „Someone Like You“ и „Set Fire to the Rain“.

Песната „Hello“ е пилот сингл од новиот албум на Адел, „25“, кој ќе биде пуштен во продажба на 20 ноември.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски