ВИДЕО: Нова песна на Лара Иванова – „Осамена“

Од:

Со нумерата „Некогаш ќе помине“, која Лара Иванова ја објави пред само пет месеци ги освои симпатиите на публиката.

Потоа следуваше „Кој е сега крив“, а вчеравечер на социјалните мрежи „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Спотифај“ ја промовираше нејзината најнова песна.

„Осамена“ е насловот на новата композиција, позади која повторно се потпишува истиот тим како и за претходните песни. Иле Спасев – музика и аранжман, додека како автор на текстот стои името на Робин Зимбаков.

Лара и овојпат не го криеше задоволството за оваа соработка.

– Песната е во брз, модерен ритам, во стилот на двете мои претходни песни „Некогаш ќе помине” и „Кој е сега крив” кои одлично поминаа кај нашата, но и странската публика, па затоа решив да продолжам во тој правец. Можам да кажам дека веќе имам создадено свој круг на публика која ме поддржува и со нетрпение ја чека секоја моја нова песна, а тоа секако ме охрабрува и поттикнува да продолжам да работам на создавање на нови песни, нови проекти и соработки – вели младата Лара.

Инаку режисер на овој видеоспот е Владимир Митревски – Ѓуле, на кого му е прва соработка со младата ѕвезда, која се пофали дека идејата била нивна заедничка.

– Спотот за „Осамена” е снимен во студио, идејата беше заедничка – моја и на Ѓуле, и можам да кажам дека успеавме да ја доловиме енергијата која сакавме да ја прикажеме. Јас сум презадоволна од соработката со сите оние кои беа вклучени во изработката на спотот, снимањето беше многу забавно и интересно, а крајниот производ – одличен, истакна Лара.

Таа со својот тим веќе работи на идните проекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска