(ВИДЕО) Нисан претстави специјален паметен часовник Нисмо

Од:

Нисан, компанија позната по производство на автомобили, ги претекна гигантите Самсунг, Сони и Епл претставувајќи паметен часовник што ги поврзува возачот и автомобилот.

Паметниот часовник под името Нисмо може да ја следи здравствената состојба на возачот и перформансите на возилото во реално време.

Часовникот ќе биде достапен во црна, бела и црвено-црна боја. Уредот ќе има две копчиња за контролирање и батерија што трае еден ден.

Идејата е сопственост на истоимените модели на спортски автомобили од Нисан, Нисмо, позната по брзите и скапи спортски модели. Часовникот не се поврзува преку смартфон, туку директно со автомобилот.

Поврзувањето е преку блутут технологија и преку него може да се пристапи до основните податоци за перформансите на возилото во текот на целото патување, но и биометриските податоци за возачот. Нисмо часовникот го следи работењето на срцето, потрошувачката на гориво и комуницира преку социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Во иднина се очекува часовникот да следи и ЕКГ и ЕЕГ, а ќе има сензори за контролирање на температурата на кожата.

Нисмо часовникот премиерно е претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска