ВИДЕО: Научниците пронајдоа “дух-честички” кои доаѓаат од внатрешноста на земјата

Од:

Мистериозните честички, познати како “геонеутрони”, ретко комуницираат со материјата и така може да бидат скоро невозможни за откривање.
Но, научниците кои работат во најголемата подземна лабораторија во светот откриле 53 нови настани, скоро двојно повеќе од порано.

Тие биле откриени со помош на детекторот „Борексино“, кој е затрупан 1.400 метри под земја, и зема неверојатно чувствителни мерења на обично невидливи феномени.

Новите откритија би можеле да помогнат да се осветлат оние мистериозни процеси, кои помагаат да се создаде необјаснета топлина што доаѓа од центарот на Земјата. Светот под нашите нозе предизвикува низа чудни феномени – како што се спектакуларните вулкани на Земјата и магнетното поле – кои не се како сите други што се гледаат во Сончевиот систем.

Во Кина во моментов се гради експеримент наречен “Џуно” кој ќе биде 70 пати поголем од Борексино и би можел да даде многу повеќе увид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска