ВИДЕО: Најскапата порција помфрит во светот чини 200 долари

Од:

Ресторанот „Серендипити 3“ во Њујорк го собори Гинисовиот рекорд за најскапи пржени компирчиња во светот. Таква нарачка тука, односно новиот специјалитет чини 200 долари (скоро 10.400 денари).

Главната состојка на овој специјалитет, се компири зачинети со масло од тартуфи, послужени со сос од сирење и тартуфи. Пред приготвувањето, се бланшираат во шампањски оцет и се пржат во чиста маст. На крајот, тие се украсени и со златна прашина што се јаде.

Ова е десетто јадење на ресторанот со кое го соборија Гинисовиот рекорд. Тие претходно веќе ја направија најголемата свадбена торта, најскапиот сладолед, најголемата шоља какао, најскапата плескавица… Листата на чекање за пробување на најскапите компирчиња, е долга – луѓето чекаат 8 – 10 недели за својата резервација.

Би можело да ве интересира

Совети: Солта го отстранува мирисот на кромид од рацете

Ана Ололовска

Полицијата запре комбе полно со расипана храна, возачот е уапсен

Жарко Настоски

Франција повлече 7.000 прехранбени производи, содржеле премногу етилен оксид

Жарко Настоски

Кромидот и лукот не треба да се чуваат предолго во замрзнувач

Ана Ололовска

Амбалажата во сендвичарите содржи токсични материи, открија невладини организации

Жарко Настоски

АХВ пред Велигден ги засилува контролите на храната

Жарко Настоски