ВИДЕО: Најпозитивни песни на сите времиња

Од:

Фановите на групата „Квин“ можат да бидат задоволни.

Имено, научно е докажано дека хитот на овој бенд од 70-те години на минатиот век „Don’t stop me now“ е најпозитивна песна на сите времиња.

Ваквиот заклучок произлегува од истражувањето спроведено од конгнитивниот невропсихијатар д-р Џејкоб Џоли од Унверзитетот во Гронингем, кој анкетирал околу 2.000 лица со цел да утврди која песна најдобро го поправа нивното расположение.

Тој заклучил дека за поправање на расположението потребни се мелодии со брзо темпо, дур скала и ведри стихови.

– Моето истражување го потврди она што го претпоставувавме, а тоа е дека сите хитови за добро расположение имаат слични карактеристики и нешто побрз ритам од просечна поп песна, ијзави Џоли за „Хафингтон Пост“.

Според анкетата, најдобра песна за поправање на расположението е веќе споменатиот хит на „Квин“ – „Don’t stop me now“, а по него следуваат „Dancing Queen“ на АББА, „The Good Vibrations“ на „Бич Бојс“ и „Uptown Girl“ на Били Џоел.

Интересно е тоа што „Happy“ на Фарел Вилијам, која според многумина е една од „најпозитвните“ песни во последниве две години, не е ниту меѓу првите десет хитови за добро разположение, наведува „Хафингтон Пост“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски