ВИДЕО: Надзорна камера ја сними срамната акција на болничар

Од:

Надзорна камера го снимила болничарот Марко Титли (58) од Велика Британија како се обидува да украде пари од 94-годишна старица која колабирала и починала.

Титли веднаш посегна по парите, а на видеото се гледа како држи 60 фунти во џебот и гледа во камерата пред брзо да ги врати парите таму каде што ги нашол.

Синот на починатата жена подоцна видел што се случило кога ја прегледал снимката и го пријавил Титли во полицијата на Западна Мерсија. Тој беше еден од четворицата болничари кои се обиделе да го спасат животот на 94-годишна жена откако таа се онесвестила во својата градина.

Болничарот најпрвин во полиција изјавил дека сакал да ги сокрие парите за да ги даде на семејството на старицата, но подоцна признал дека се работи за кражба. Крадецот е осуден на 18 недели затвор, условно 12 месеци и наредено да работи 120 часа општокорисна работа. Тој, исто така, мора да плати 530 фунти како трошоци за обид за кражба и доплата за жртвата од 187 фунти.

Последователно, на судот му беше кажано дека Титли се пензионирал неколку дена по инцидентот, а сведочел и помошникот главен медицински директор Нејтан Хадсон.

– Довербата ја стекнуваме кога влегуваме во нечиј дом, а таквите постапки со право ни наштетуваат на угледот, што е длабоко за жалење и ни ја отежнува работата – рече тој.

Би можело да ве интересира

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса