ВИДЕО: Надал и Марија го кажаа судбоносното „да“ во најскапиот имот во Шпанија

Од:

Тенисерот Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Марија Франсиска Перељо сега официјално се брачна двојка.

14-годишната врска ја крунисаа со брак на имотот Ла Форталеца на Мајорка, а според шпанските медиуми бракот беше склопен околу 14 часот. Ла Форталеца е тврдина-замок и важи за еден од најскапите имоти во Шпанија.

Гостите со минибус беа префрлувани до имотот каде се одржа церемонијата.

Иако почетокот беше најавен за 12 часот, шпанските медиуми пренесуваат дека поради мали непријатности почетокот бил одложен. Имено неколку жени кои не биле на списокот на гости, не сакале да се тргнат од влезот на хотелот, па морала да интервенира полицијата.

Марија венчаницата ја купила во Барселона, а црквената церемонија ја водел локалниот свештеник Томи Цатала, пријател на семејството Надал.

Слично како и на венчавката на Серхио Рамос, обезбедувањето и со дронови се погрижило за сигурноста на гостите, а забрането е користење на мобилни телефони, затоа што тенисерот сакал да ја заштити приватноста на својата фамилија.

На свадбената веселба очекувани беа 350 гости, меѓу кои и кралот Хуан Карлос. Покани добија и поранешните тениски асови Карлос Моја, Фелисијано Лопез, играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кошаркарот Пау Гасол, Кристијано Роналдо, Енрике Иглесијас, а повикан беше и Роџер Федерер за кој не е познато дали е присутен на венчавката.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Надал: Во наредните денови ќе објавам кога ќе се вратам на теренот