ВИДЕО: На Галапагос откриен бел пингвин

Од:

Националниот парк на Галапагос соопшти дека на архипелагот откриен е целосно бел пингвин.

Белиот пингвин првпат бил забележан на Изабела, најголемиот остров на архипелагот Галапагос.

Експертите оценуваат дека пингвинот може да има генетско нарушување леукизам односно делумен недостиг на пигмент на боја што предизвикува светло крзно или пердуви кај животните кои имаат потемна боја.

За разлика од албинизмот, животните кои имаат леукизам имаат нормална боја на очи.

Ајкули, гуштери и јастози со леукизам веќе се откриени на Галапагос, но првпат е забележан таков пингвин.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија