ВИДЕО: Music Man, нов сингл на Кирил Џајковски

Од:

Кирил Џајковски го објавува својот нов сингл „Music Man“, кој е претставен и со видео на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на Филтер Лабел.

Повторно во соработка со пејачот Лајон Д, песната е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период и одлично прифатена од публиката, за што сведочи и видеото од последниот настап на Кирил во Скопје.

Во петок, 12-ти јули, врвниот македонски уметник на електронската музика гостува со live настап на Д Фестивал во Дојран, каде што на главната бина ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот.

За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјален гостин на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски