ВИДЕО: Момчето со трубачите во Ниш славело двојна добивка, со иста комбинација добило пари во две обложувалници

Од:

Момчето кое синоќа во Ниш со трубачи славеше добивка во обложувалница е 23-годишниот Бојан Савиќ. Со иста комбинација на бројки истовремено имал добивка во две обложувалници. Слави и вечерва, но без трубачи. Пред екипата на „А1он“ ги почести сите кои му се пожалија на беспарица. Не открива колку пари добил оти вели дека исто се радува и кога добива 5 евра и кога добива многу повеќе, а славењето со трубачи било спонтано.

„Како Бог да ги испрати да ми помогнат да ја споделам мојата радост. Кога излегов од обложувалницата беа тука и само ги замолив да не развеселат. Јас сум навивач на ’Партизан’, па прво им побарав да ми ја свират песната со која навиваме. Сакам да гледам насмеани луѓе околу мене и без разлика колку сум добил, дали е 5 евра или 50.000 евра јас сета добивка ја делам со луѓето околу мене. Знам како е кога се има, но добро знам како е и кога се нема. Имам огромно срце и сакам да го живеам животот со полни гради“, вели Савиќ за „А1он“ и нагласува дека ги почестил другарите и кога неодамна го казниле 2.500 динари оти преминал улица надвор од пешачки премин.

За обложувањето вели дека не може да каже ни дека му е хоби, ја направил комбинацијата, како што вели, од досада. Уплатил „среќни шест“, комбинација од шест броја, игра слична на лото.

„Ми заврши смената, овде во Ниш работам како доставувач за една пицерија и седнав со другарите на пијачка. И додека седевме ја направив комбинацијата и уплатив. Имам некои свои бројки кои сметам дека кога – тогаш ќе бидат добитни. Моите уплати се строго 30, 50 или 100 динари, никогаш повеќе. Уплатив и воопшто не следев дали ќе добијам, си разговаравме со другарите, но ете испадна добитна комбинацијата и тоа во две обложувалници“, вели Савиќ.

Тој е роден и израснат во Ниш, но работи во Чањ, Црна Гора. Сега во Ниш користи одмор.

„За 10 – 15 дена повторно заминувам. Дојдов дома само на три месеци, на одмор. Тука се мајка ми и брат ми, а во Бар е татко ми. Во Чањ работам три во едно- келнер, шанкер и менаџер во еден ресторан кој работи во сите четири сезони и постојано има многу работа“, вели Савиќ.

Нема големи планови со парите од добивките. Вели дека е среќен кога седи со другарите, го сака животот и на сите кои добиваат им советува да поделат со оние кои немаат како што тоа го прави тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов