Момче од Удине, член на рибарскиот клуб „Лињано Сабиадоро“, имало блиска средба со голема ајкула. 13-годишниот Филипо заедно со репрезентативците се подготвувал за претстојниот италијански шампионат во ловење сина туна, кој ќе се одржи кон средината на мај во Виесте.
Сите биле изненадија кога им пришла огромната ајкула, позната по карактеристичната опашка со која го зашеметува и го совладува пленот. Момчето ја фатило ајкулата долга три метри тешка преку 100 килограми и потоа ја пуштило, пишува Телефриули.
Овој тип ајкула е вообичаен примерок во Јадранското Море, не напаѓа луѓе, но доколку е повредена или се чувствува загрозена, може да се обиде да се ослободи со силни удари на опашката.