ВИДЕО: Мистериозна дупка на небото над ОАЕ

Од:

Мистериозна дупка се појави на небото над Обединетите Арапски Емирати, а бројни корисници на социјалните мрежи изразија сомневање дека е се работи за инвазија на вонземјани. Изминатите денови жителите на ОАЕ се обидуваа да протолкуваат што се крие зад мистериозната дупка која беше видлива на небото над градот Ал Аина.

Социјалните мрежи беа преплавени со снимки и фотографии од овој феномен, а луѓето кои ги споделуваа на интернет не можеа, а да не се запрашаат дали навистина вонземјаните одлучиле да дојдат на Земјата.

Експертите за брзо време ја разоткрија мистеријата, објаснувајќи дека ова не е никаков вонземски феномен.

Се работи за појавата позната како “облак за бушење дупки“ кој се јавува која капките вода во ладна состојба уште не смрзнуваат со кристалите мраз кои ги предизвикуваат авионите кога проаѓаат низ облак.

Кристалите мраз тогаш почнуваат да паѓаат, предизвкувајќи капки што оставаат голема дупка во средината на облакот.

Би можело да ве интересира

Претседателот на ОАЕ доживеа мозочен удар

Емир Латифовиќ