ВИДЕО: Метеорит снимен во пад над Хрватска

Од:

Метеорит падна во реон околу градот Риека, во Хрватска, ноќта на 14 август, а стручњаците од Хрватското астрономско здружение проценуваат дека грутка од околу 150 грама завршила на земјата. Сепак, нема можности да се побара тоа, зашто областа е непроодна и опасна.

Огнената топка е снимена од камерите на Хрватската метеорска мрежа, но и Глобалната метеорска мрежа која има станици во Италија и Словенија, па дури и од Прага.

„Во својот најголем отсјај, огнената топка беше над Риека и беше светла како полна Месечина. Светлечката топка го започна својот лет… над Средна Европа на висина од 92,7 километри со брзина од 13 километри во секунда и заврши на висина од 23,2 километри по околу 8 секунди“, соопшти Здружението.

Според пресметките, при самиот пад останале околу 150 грама метеорит што сега е некаде во планините југоисточно од Риека, на непроодно подрачје. Потрага по каменот од Вселената нема да биде организирана.

– Не може да процениме колку би вредело ова на пазарот, бидејќи не знаеме од каков материјал е направено. Затоа треба да се најде, рече генералниот секретар на Здружението, Доријан Божичевиќ.

Најевтините метеори обично вредат неколку евроценти за грам. Највредни се грутките од Марс, кои се и најретки.

Би можело да ве интересира

Капетан Кирк највозрасната личност во Вселената

На Земјата ѝ се случува магнетна бура

Ана Ололовска

„Блу Ориџин” го одложи вториот туристички лет во Вселената

Ана Ололовска

НАСА ја тестира одбраната на Земјата од можно опасни астероиди

Ана Ололовска

Русија го снима првиот филм во Вселената

Ана Ололовска

Капетан Кирк оди во Вселената

Ана Ололовска