ВИДЕО: Маките на една девојка во Киев станаа хит на интернет

Од:

Снимката на една девојка која се мачи да се искачи по стрм, а замрзнат тротоар во главниот град на Украина, Киев, стана апсолутен хит на интернет, а во првите три дена откако беше објавена на Твитер, ја погледнаа преку десет милиони луѓе.

Станува збор за снимка од улична камера, која сведочи за маките на упорната девојка и ги бележи нејзините бројни неуспешни обиди да се искачи од улицата на замрзнатиот плочник, окован од киевската голомразица.

Во Киев ноќните температури минатата недела се движеа од -9 до -5 степени, што е над просекот за овој дел од годината во украинската престолнина.

Не е познато дали девојката на снимката на крајот успеала да се качи по замрзнатата стрмна улица, но нејзиниот пример во секој случај е добра мотивација за секого на кого што му е потребна упорност.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ