ВИДЕО: „Фикшн“ со новата песна го враќа звукот на ’80те и ’90те години

Од:

„Дали знае?“ е четвртата песна на скопскиот поп-рок состав „Фикшн“, која ги спојува звуците на поп-музиката од ’80те и ’90те години, со модерниот рок звук.

„Нашата нова песна е најава за албумот на кој работиме и планираме да го издадеме кога малку ќе се стабилизираат работите со пандемијата на коронавирусот. Текстот и музиката за песната ги напишав јас, а се инспирирани од лични искуства и настани“, ни кажа Виктор Захариев, гитаристот на „Фикшн“.

Аранжманот за песната го направија сите членови на бендот: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани). Аудио продукцијата е на Виктор Захариев и Виктор Георгиевски, кој е одговорен и за миксот и мастерот на песната.

За песната „Фикшн“ снимија и спот, составен од инсерти од секојдневието на бендот во изминатите години, а го монтираа Steady Flow.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нова песна на Лара Иванова – „Осамена“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ареа со нова песна – „Отсекогаш”

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џез призвук на македонскиот фолклор – ЏезВез ја презентира обработката на „Каранфило филфило моме“

Ана Ололовска

Роберт Билбилов со нова песна и спот – „Нигде не те наоѓам“ е рефренот кој ќе ве освои на прво слушање

Ана Ололовска

Тиктокерот Душан објави спот за својата прва студиска песна

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Inseparable“ – Најава за првиот авторски албум на Brass Brothers

Ана Ололовска