ВИДЕО: Куче-робот носи овци на пасиште

Од:

Кучето-робот Спот, на американска компанија за дизајн, инженерство и роботика „Бостон Динамикс“, веројатно е од огромна помош кога станува збор за водење овци на пасиште.

На видео, објавено од софтверската компанија „Рокос“, се прикажува како Спот ја извршува својата работа низ пасиштата на Нов Зеланд.

Роботите, како Спот од „Бостон Динамикс“, ја зголемуваат точноста на проценките на приносот, го ублажуваат стресот при недостиг на работна сила и покажуваат прецизност во земјоделството, наведува „Рокос“.

Видеото го прикажува Спот во различни ситуации: како да се шета низ овоштарник, да се движи на тежок терен, на пример карпести ридови, да премине дрвен мост и на крајот да носи овци на пасиште. Тоа го постигнува со помош на неговите инфрацрвени камери, технологија на мапирање во реално време и напредни сензори.

„Рокос“ истакна дека компанијата има во план да создаде компјутеризиран систем, кој би можел да контролира многу работи од далечина, со цел да им овозможат на роботите да работат независно еден од друг, ослободувајќи време за луѓето кои имааат големи фарми.

„Овчарските роботи“ не се целосно нови. Во 2013 година, истражувачи за роботика од Сиднеј, тестирале „Ровер“ кој успешно возел говеда од пасиште до блиска млекара.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ