ВИДЕО: „Кажи, кажи либе Стано“ – отец Предраг од Тетово пее како Павароти

Од:

Сограѓаните одамна знаат дека протојереј Предраг Исаески од Тетово има дарба за уметност по која се издвојува од другите свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Тој со децении е член на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ од градот и има издадено повеќе збирки поезија, а највпечатлив дел од неговиот опус се песните со љубовна тематика.

Но, неговите музички, поточно пејачки способности, досега беа непознати за пошироката македонска јавност. Во снимка објавена вчера, отец Предраг се претставува со сјајна изведба на староградската класика „Кажи, кажи либе Стано,“ на која можат да му позавидат и многу професионални пејачи – што и не е чудно, затоа што пеењето е важен дел од свештеничката професија.

Распеаниот отец во своето слободно време ги следи сите спортски случувања, а познат е и како одличен играч на спортска прогноза, со „стаж“ уште од времето на Југославија. Неговите сограѓани коментираат дека во овие тешки времиња, пејачките бравури на отец Предраг воопшто не се лош начин на кој еден свештеник може да го подигне духот на народот.

Би можело да ве интересира

Медицинска помош за четворица пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот во близина на тетовско Фалише

Активен e пожарот во тетовско Фалише

Горан Наумовски

Изгореа хемикалии во пожарот во тетовско Фалише, препорака од надлежните да не се излегува од дома

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар – црн чад и силен мирис – Гори фабрика за бои и лакови во Фалиште, Тетово

Анита Петровска Рајковиќ

Рестрикции на вода во Тетово

Десет фирми се борат за реконструкција на тетовското училиште „Моша Пијаде“, дел од заинтересираните се откажаа од тендерот

Александар Тодески