ВИДЕО: Капсулата на Спејс-Икс пристигна на МВС

Од:

Спејс-Икс завчера испрати четворица астронаути на НАСА со своја капсула до Меѓународната вселенска станица (МВС). Тие пристигнаа таму утрово.

Капсулата „Спејс-Икс кру драгон“ со четворица астронаути – тројца Американци и еден Јапонец – слета на МВС 27 часа откако беше лансирана од космодромот Кеј Канаверал на Флорида. При поврзувањето, „Кру драгон“ и МВС се движат со приближно иста брзина од околу 27.350 километри на час.

Вселенската станица е сателит-лабораторија која што орбитира на околу 400 километри над Земјата. Четворицата космонаути ќе престојуваат на неа следните шест месеци.

Одговорната на НАСА за патувања во Вселената, Кетрин Лудерс рече дека е горда на астронаутите. Екипажот е составен од командантот Мајк Хопкинс, двајца астронаути на НАСА – пилотот Виктор Гловер и физичарката Шенон Вокер и јапонскиот астронаут Соичи Ногучи, кому ова му е трето патување на МВС, по 2005 и 2009 година. Еден американски и двајца руски космонаути се веќе на станицата од претходната мисија.

„Кру драгон“ се градеше приближно десет години како дел од јавно-приватната програма на НАСА што започна 2011 година. Полетувањето во неделата ја означи првата оперативна мисија на Спејс-Икс во соработка со НАСА, откако минатото лето двајца американски астронаути заминаа на пробен лет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) SpaceX на Илон Маск го откажа лансирањето, Starship има проблеми

Катерина Ѓуровски

ЖИВО: Илон Маск ја лансира најмоќната ракета во историјата, почна одбројувањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголемата ракета во светот се подготвува за пробниот лет

„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата на Земјата

Ана Ололовска

„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата

„Делта“ го тестираше интернетот на „Старлинк“