ВИДЕО: Камен на Марс наречен по Ролинг Стоунс

Од:

Иако Мик Џегер и Кит Ричардс во познатата песна „I can get no satisfation“ пеат за неможноста да почувствуваат задоволство, сега конечно се чувствуваат поинаку бидејќи еден мал камен на Марс е именуван по нивната легендарна рок група Ролинг Стоунс.

Американската вселенска агенција НАСА го нарече „Камен на Ролинг Стоунс“ (Rolling Stones Rock) откако роботизираната вселенска сонда Инсајт го снимила како се тркала по површината на Марс.

Веста прв ја објави американскиот глумец Роберт Дауни Јуниор, кој се качи на сцената на стадионот Роуз Боул во Пасадена, во Калифорнија, само неколку минути пред да се појават Ролинг Стоунс.

Потоа Мик Џегер го искористи моментот меѓу неколку песни да и каже на публиката дека НАСА им подари на Ролинг Стоунс нешто за кое од секогаш сонувале, „наш сопствен камен на Марс“.

– Не ми се верува, изјави Џегер, додавајќи дека доколку би можел би сакал да го донесе тој камен и да го стави на каминот во својот дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адел е се послаба: На последните снимки пејачката е витка со тенка половина

Ана Ололовска

Рита Ора во провокативно бикини: Фановите и порачаа – твоето тело е нереално

Ана Ололовска

Холивудската актерка не личи на себе: Пластичната хирургија и намалувањето на тежината и го сменија изгледот

Ана Ололовска

Славната манекенка се разголи, а фотографијата ја објави на Инстаграм

Ана Ололовска

Каква фотографија добивате од Џеј Ло, кога до неа пишува „релаксирана“ и „со наполнети батерии“

Ана Ололовска

Познатата водителка Керолин Флек почина на 40 години

Ана Ололовска