ВИДЕО: Како се „забавуваат“ будистичките монаси

Од:

Видео кое неодамна се појави на Јутјуб на кое се прикажани будистички монаси како за време на приватен лет уживаат во лукзуз, носејќи очила и торби на познати брендови и слушајќи музика преку АјПод, предизвика вистинска бура на Тајланд.

Поради видео најавена е детална истрага против монасите, чие однесувањето е оценето како непримерно и во спортивност со нивните правила на однесување и со кодексот на скромност.

Директорот на Националнато будистичко биро, Нопарат Бенџаватананун изјави дека монасите од манастир во североисточниот дел на Тајланд веќе биле опоменати за слично однесување.

Тајланд, земјата со најбројна будистичка популација, се труди да ги оддржи стандардите пропишани со 2600 години старата будистичка доктрина, но често се случува монасите да ги кршат правилата на однесување.

Само минатата година околу 300 од вкупно 61.416 будистички монаси биле санкционирани поради разни престапи – од конзумирање алкохол и уживање со жени, па до обид за изнуда. Бирото примило жалби дека монаси кои возат авомобили, дека се претставуваат лажно, и дека практицираат „црна магија“.

Нопарат изјави дека однесувањето на монасите во видеото е „непримерно и дека не е во согласност со учењето на Будизмот за едноставност и самодисциплина“.

Потврдено е дека монасите кои се појавуваат на снимката живеат во храмот Хантитам, но не се откриени детали за нивните „ликсузни“ патувања.

– Кога Буда беше жив не постоеше ништо такво. Немало автомобили, мобилни и камери, па правилата биле многу едноставни. И иако монасите се трудат да бидат во тек со новите знаења, случувања и технологијата, би требало да се воздржат да употребат на непримерни уред.

– Во некои случаи верниците се тие кои на монасите им даруваат луксузни работи. Некои им купуваат спортски автомобили. Тоа е сосема непотребно, заклучи Нопарат.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ