ВИДЕО: Како изгледа да се патува со Трамп во претседателскиот авион

Од:

Посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Јапонија оваа недела ја отвори сезоната за патување со претседателскиот авион, со кој Трамп помина пет земји и повеќе од 80 часа на прекуокеански летови.

Трамп никогаш не патувал толку многу, и порано се жалел на патувањата во странство и сместувањето. Освен него, се жалат и вработените во неговиот кабинет кои како што се наведува во медиумите, понекогаш се плашат да влезат во “Ер Форс 1” на прекуокенските летови, бидејки знаат дека Трамп нема ниту да го погледне креветот кој е сместен во предниот дел на авионот.

“Како да сме во затвор“, изјави еден официјален претставник за Си-Ен-Ен, кој ги опишува патувањата со претседателот на “Ер Форс 1”.

Поранешни и актуелни официјални лица патувањата ги опишаа како напорни искуства кои се окарактеризирани со долги часови, а неколкумина рекоа дека прекуокеанските патувања се најлоши.

Летот може да трае до 20 часа, а просторот за спиење е ограничен. Телевизорите постојано пренесуваат “Фокс њус”, и ако на шефот не му се допаѓаат насловите на вестите, патувањето ќе биде турбулентно. Кога Трамп се упати во авионот за 14 часовниот лет до Токио, неговите вработени се подготвија за пеколен лет.

Кога Трамп првпат влезе во канцеларијата, вработените сакаа да одат на патувања во странство, но по третата година од неговиот мандат неколку официјални лица велат дека се обидуваат да ги избегнат поради хаосот што обично ги следи.

За време на меѓународните летови, Трамп обично останува во предната кабина. Неговите помошници велат дека претседателот прави четири работи: јаде, гледа телевизија или чита весници, разговара со вработените и повикува пријатели и сојузници.

Трамп може со часови да гледа вести или да чита весници и списанија. Тој ги повикува сонливите соработници во канцеларијата кога кабината е затемнета за да разговараат за претстојните состаноци или да смисли одговор на нешто што видел во медиумите.

Трамп веќе долго време тврдеи дека медиумите не го третираат правилно, и ако гледа на телевизија нешто што не му се допаѓа – “што се случува цело време”, како што рече еден официјален претставник – тогаш бара од неговиот персонал да го среди тоа, без разлика дали во Белата куќа или лета над Атлантикот. Често, Трамп наместо тоа ќе се подготвува за претстојниот состанок или да ги следи извештаите, се фиксира на негативните наслови, жалејќи се дека неговите претходници не поминале низ таков третман.

Кога член од персоналот легнал да отспие неколку часа, Трамп испратил друг помошник да го разбуди за да може да разговараат на тема која тој ја имал на ум.
Минатата година лекарот на Трамп изјави дека тој понекогаш зема лекови за спиење, но не спие долго, четири-пет часа во Белата куќа, а уште помалку на летовите. Трамп сака да разговара, а најчесто тие разговори не се поврзани со работата. Тој сака да разговара за спорт или за некое озборување.

Долгите прекуокеански патувања се напорни за секоја администрација, бидејки често вклучуваат малку сон и време да се прилагодат на друга временска зона. “Ер Форс 1” не е опремен со седишта што може да се подесат за спиење, што сега е вообичаено на комерцијалните летови. Кога вработените имаат можност да спијат, проблемот е да се најде место. Без место за спиење, тие заземаат каучи или лежат во канцелариски столици и ги ставаат нозете на масата. Некои легнуваат на подот на конференциските сали или на кожните клупи долж страните на авионот, а оние поискусните носат со себе душеци за јога.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас