(ВИДЕО) Како холанѓаните ја користат архитектурата за да го прехранат светот

Од:

Холандија е втора земја во светот по најголем извоз на земјоделски производи.

Ова е изненадувачки кога ќе се спореди површината на Холандија  со првата земја по извоз, САД која е за 237 пати поголема од неа.

Во 2017 година, Холандија самостојно извезувала земјоделски производи во вредност од 100 милијарди долари.

Ваквиот успех лежи во земјоделската иновативност во самата прегледност за тоа како би требало да изгледа една земјоделска површина.

Вкупно, Холандија содржи 36 квадратни милји стаклена градина, површина која е за 56% поголема од островот Менхетен.

На градините се инсталирани соларни панели кои ја земаат сончевата светлина преку ден, а ноќите блеснуваат од светлина во повеќе бои.

Лед светилките помагаат растенијата да се развиваат и во ноќта.

Системите се апсолутно еколошко ефикасни користејќи геотермална и соларна енергија.

Потрошувачката на вода за наводнување е намалена за половина од просекот, а земјоделските плодови не содржат пестициди.

Ваквиот еколошки и продуктивен проект е создаден за долгорочна употреба имајќи го в предвид зголемувањето на популацијата во светот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Инвестираме во капитални проекти во земјоделството

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Николовски од Рим: Потпишана нова петгодишна Програмска рамка со ФАО

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Николовски: Го поддржуваме оризопроизводството, доделени првите четири од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз

А1он