Хуманоидниот робот Атлас порано покажувал вештини на шетање и балансирање, а во новата видео снимка може да се види негов нов трик. Атлас научи како да ја помине речиси секоја пречка.
Тоа што е многу важно е дека Атлас пред тестот не го познавал теренот и не знаел што го чека, што значи дека на лице место барал начин да ја помине пречката, притоа управувајќи со тежината и рамнотежата, како што прави човекот.
Атлас по секоја помината пречка внимателно го анализирал новиот терен префрлувајќи ја тежината на стапалото.
Според IHMC (Florida Institute for Human & Machine Cognition), кој развива контролни алгоритми за робот, Атлас за преминувањето преку пречки го користел моментот на импулсот.
Атлас е произведен од тим на Бостон Динамикс.