ВИДЕО: Гратче во САД не сакајќи ја продаде својата водна кула на приватно лице

Од:

Општината во малото гратче Бруксвил, Флорида, САД, случајно ја продаде својата водна кула во погрешна трансакција со недвижнини.

Имено, во април минатата година, бизнисменот Боби Рид ја купил зградата близу кулата, за 55.000 долари, со цел да ја претвори во вежбалница. Меѓутоа, кога тој отишол кај повисоките власти, за да го пријави своето ново деловно место, му било кажано дека ја купил целата парцела, којашто ја вклучува и водната кула, пишува „Тампа Беј тајмс“.

– Не знам кој е виновен. Ние сме само членови на Советот и се потпираме на градскиот управител. Претпоставуваме дека тој ја чини вистинската работа, изјави Блејк Бел, член на Градскиот совет.

Градоначалникот Марк Катни смета дека грешката при продажбата е во лошо направениот правен дел од договорот. Директорот на градската служба за развој поднесе оставка.

– Ние сме само луѓе, понекогаш правиме грешки, рече Катни.

За среќа на градот, Рид бил подготвен да му ја врати градската водна кула.

Би можело да ве интересира

Неколку занимливости за знамињата ширум светот

Ана Ололовска

Француско семејство уверено дека нивниот стан има дух, спие на балконот

Ана Ололовска

Природата речиси секогаш надвладува над човековите творби

Ана Ололовска

Индиец наводно може да спие и 25 дена по ред

Ана Ололовска

Американка има две матки и може да забремени истовремено

Ана Ололовска

Истражување: Онлајн наставата е ефикасна исто колку и летниот распуст

Ана Ололовска