ВИДЕО: Гол бегаше од балконот на петтиот кат, а потоа гневните соседи го начекаа да го тепаат

Од:

Руските медиуми јавуваат за урнебесната драма што се одвивала на петтиот кат од станбена зграда во рускиот град Липетск со половина милион жители, а вклучува и снимка од гол маж како бега од станот – преку балкон. Стотици граѓани ја следеа расправијата помеѓу голиот маж и жена која исто беше без облека.

Потоа тој се спушта на балконот долу и исчезнува во еден стан.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала полиција и вработени во Министерството за вонредни состојби.

Во следната сцена на видеото, која се споделува на социјалните мрежи, се гледа истиот човек кој успеал некаде да набави гаќи.

Се наоѓа на надворешниот дел од клима уред во истата зграда. Тој е видно нервозен и се обидува со нога да го скрши прозорецот, но безуспешно.

Тогаш се крши конструкцијата на клима уредот, а мажот падна на платото, каде го пречекаа бесните соседи и полицајци.

Според локалните медиуми, тој бил нападнат од човек со лопата, а на помош му дошле и полицаец и лутиот сосед. Откако беше соборен, тој е уапсен и му била укажана лекарска помош.

Што точно се случувало во станот број 128, локалните медиуми се уште не можат да откријат – дали од балконот бегал љубовник кој го фатил љубоморниот сопруг или неговото однесување било резултат на консумирање наркотици.

Би можело да ве интересира

Студенти од Таџикистан и Пакистан се степале во Тетово

А1он

(ВИДЕО) Во Аргентина: Се степаа хулигани и полицијата, се спасуваа деца од стадион

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Се истепаa двајца скопјани, па заедно завршија во болница

Горан Наумовски

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Келнер од Србија бараше плата, газдата брутално го претепа: „Ќе те убијам и ќе те закопам“

Горан Наумовски