(ВИДЕО) Фатен на дело: Полициски пес краде играчки донирани за сиромашни деца

Од:

Куче кое работи во полицискиот оддел во Масачусетс (САД) е фатено како краде играчки од торба наменета за донација. Ќе бидете воодушевени од неговата реакција кога конечно беше откриен.

Полициската управа Френклин собирала играчки за сиромашни деца за фондацијата Санта. Меѓутоа, забележале дека играчките исчезнуваат.

Откако ги прегледале снимките од надзорните камери, полициските службеници откриле кој е „крадецот“, нивниот колега Бен, златен ретривер кој работи на нивниот оддел како куче за терапија. Но на снимките не е откриено каде Бен ги крие играчките.

Клегите на Бен морале лично да истражат.

Во објавеното видео, полицајците се соочуваат со Бен додека тој се обидува да украде играчка.

На прашањето каде ќе оди со играчката, Бен полека низ ходникот отиде до следната канцеларија и се сокри под работното биро, каде што полицајците ги најдоа сите играчки што ги сметаа за исчезнати.

И покрај „злосторството“, кучето сепак е нивниот омилен колега.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он