(ВИДЕО) ЕСА: Астронаут в тоалет

Од:

Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет.

Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нужда), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмукување и бучи како правосмукалка.

– Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети.

Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но урината „оди на рециклирање“, како што вели астронаутката.

– Механизмот зад ова црево ја собира (урината) и тука почнува процесот со којшто урината се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата