Српскиот дизајнер Дамјан Станковиќ, направи анимациска склуптура која е прикажана во форма на минималистички дигитален часовник, и претставува прототип на електро-механички часовник со течен дисплеј кој е заснован на ферофлуид кој ги контролира магнетите, кои се приближуваат и одалечуваат, со цел да ја движат механиката и електрониката.
Никогаш претходно течноста не била вмешана во својата чиста, нерафинирана форма и контролирана на начин кој и дозволува да прикажува видливи форми.
Постои меѓугрупа меѓу аналогната и дигиталната сфера, каде правилата на механиката и законите на природата се спојуваат заедно со цел да се создаде течна илузија, која потсетува на современата дигитална форма.
Времето како концепт е многу субјективно, но постојат и две работи кои за него можеме со сигурност да ги тврдиме: времето е непопустливо минливо и константно се движи.
„Реи“ го фаќа токму овој бескраен ритмички тек, исто како што секој момент се разликува од следниот – движењето на неговите бројки е секој пат различно анимирано, недозволувајќи му да го прикаже истиот облик два пати.