ВИДЕО: Џеј Ло прошета во креација на Версаче и ја „затресе“ пистата

Од:

50-годишната Џенифер Лопез во низата успеси оваа година, може да го впише и тоа што прошета на ревијата на познатиот моден бренд Версаче како да е еден од најбараните светски модели и тоа скоро 20 години подоцна, откако зелената креација во 2000-та година „го урна“ интернетот на доделувањето на Греми наградите.

На 20-годишнината на луксузната модна куќа „Версаче“, која на модната недела во Милано ја претстави колекцијата за пролет-лето 2020, Џенифер Лопез имаше чест да прошета по пистата, повторно во зелена креација која совршено ги истакна нејзините облини и телото без маани.

Џенифер чекореше на пистата како да има зад себе децении искуство.

Таа позираше и со Донатела Версаче, а воодушевувањето од нејзината појава, никој од присутните на ревијата не можеше да го сокрие.

Џеј Ло во креација на Версаче, 2000 година на Греми наградите

Би можело да ве интересира

Памела Андерсон сака повторно да се омажи

Ана Ололовска

Бочели се излекува од коронавирус

А1он

Бред Пит во прегратките на својата млада верзија

А1он

ВИДЕО: Почина легендарниот музичар Мори Канте

А1он

Американската актерка Лори Лoхлин оди в затвор за учество во криминално дело

Ана Ололовска

Американскиот актер Хаген Милс изврши самоубиство

Ана Ололовска