(ВИДЕО) Драма во Кина: Избегаа 75 крокодили, никој не знае каде се, полицијата доби наредба да пука

Од:

Властите во јужниот кинески град Маоминг ги повикаа жителите да се држат настрана од водотеците додека не фатат десетици крокодили кои избегале од фарма за време на поплавите. Потврдено е исчезнувањето на 75 сијамски крокодили по невремето што го погоди суптропскиот град во саботата и неделата.

– Властите се обидуваат да ги држат работите под контрола, но бројот на избеганите крокодили е голем – изјавиле од регионалната канцеларија за вонредни состојби, а пренесува Вашингтон пост.

На жителите на јужниот кварт на градот, каде што се наоѓа фармата за крокодили, им е кажано да бидат внимателни и да избегнуваат излегување.

Снимките покажуваат како крокодили се движат по поплавената улица околу езерото во Маоминг. Официјален претставник на градскиот оддел за итни случаи потврди дека се пронајдени повеќе од десетина избегани крокодили, но дека повеќе од 50 се уште се во бегство.

Безбедносните сили стационирани во областа добија наредба да го убијат секој крокодил што ќе излезе од зоната на длабоки води. Предупредувачки знаци се поставени околу поплавените фарми.

Маоминг и пошироката провинција Гуангдонг беа погодени од два тајфуни за две недели. Свлечиштата предизвикани од силните дождови во неделата и понеделникот убиле најмалку седум лица во соседниот регион Гуангкси.

Маоминг има некои од најголемите фарми за крокодили во земјата со капацитети за производство на кожа од крокодил во блиските градови. Месото од крокодил е исто така локален специјалитет. Одгледувањето и трговијата со живи крокодили е дозволено според кинескиот закон, а случаите на бегство на одгледувани влекачи не се невообичаени.

Во 2013 година, крокодили избегаа од фарма во истиот град, откако бодликавата жица околу фармата зарѓа и стана кршлива поради долготрајните поплави.

Два месеци подоцна, неколку десетици крокодили излегоа од заграден простор во градот Шанту по поплава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар избувна во деловна зграда во Кина, 26 мртви

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Потег на Кина кој може да има сериозно влијание на војната меѓу Русија и Украина

Катерина Ѓуровски

Кина бара гаранции за правата на Палестинците

Путин во Кина