ВИДЕО: Документарен филм за очајната домаќинка што стана порно ѕвезда

Од:

„Моргана“ е документарна приказна за жена која, незадоволна од бракот и недостигот од љубов, го остава мажот и почнува кариера како режисерка и актерка во филмови за возрасни.

Моргана Мјусес 20 години била заробена во лош брак без љубов и секс, а еден ден дури посакала и да си го одземе животот. Гладна за интимност, ангажира ескорт-маж како последен потег пред да се самоубие. Но, таа средба ѝ ги проширила видиците и рамките на личната и сексуалната слобода.

Животот на Моргана по ова добива сосема различен тек и таа станува ценета режисерка, но и актерка во порно-филмови.
Ова е филм за жената која го зема животот во свои раце и го живее единствено според свои правила. Документарецот изобилува со интервјуа, снимки „зад сцентата“, но и сцени од еротските филмови на Моргана.

Погледajте го трејлерот за документарниот филм на режисерките Изабел Пепар и Џоди Хес:

Morgana Documentary – OFFICIAL TRAILER from House of Gary on Vimeo.

Би можело да ве интересира

Во Велес премиерно прикажан документарниот филм „Којник“

Ана Ололовска

Документарен филм за првата експедиција на планинарите од Охрид во освојувањето на врвот на Европа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Документарен филм „Танцот со пастрмките“

Ана Ололовска

Проекција на документарниот филм „Бубачки“ во „Котур“

Ана Ололовска

Проекции на „Џезмен“ во Софија и Пловдив

Ана Ололовска

Размена на облека и проекција на документарецот „True Cost“

Ана Ололовска