ВИДЕО: Документарец за г-н Мијаги од „Карате кид“

Од:

Ракопис на ѕвездата на филмот „Карате кид“, Пет Морита кој почина 2005 година, каде што тој ја споделува својата животна приказна со свои зборови, беше основа за инспиративниот, но според многумина – вознемирувачки документарец со наслов „Повеќе од Мијаги: Приказната за Пет Морита“.

– Имаше навистина мрачни работи, изјави продуцентот на филмот, Оскар Алварез.

– Би рекол дека ракописот е нацрт на сè и токму тоа нè возбуди, особено затоа што тој зборуваше за неговите рани години и тоа се нешта што не ги знаете, пред да се појави г-н Мијаги…, додава Алварез

Продукцијата е на Нетфликс, во документарецот учествуваат и глумците од филмот „Карате Кид“ од 1984. – Ралф Макио, Вилијам Забка, потоа – Хенри Винклер, Марион Рос, Томи Чонг, Лери Милер, Есаи Моралес и други кои соработуваа со Морита – човекот попознат како „г-н Мијаги“.

Јапонско-американскиот глумец е роден 1932, во Ајлтон, Калифорнија САД. На две години му била дијагностицирана ‘рбетна туберкулоза и тој минал девет години в болница. Со експериментална операција, тој проодел, но токму тој период, 1941 година, се случил јапонскиот напад на „Перл харбор“, којшто дополнително му го усложнил и загорчил животот и тој за малку ќе бил протеран од Америка.

Единствената номинација за Оскар, Пет Морита ја заработи 1985 година, за неговата најпозната улога. Во 1994, глумецот доби и своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска