ВИДЕО: Диви кози го запоседнаа велшкото гратче Ландудно

Од:

Пандемијата и ограничувањата во движењето на луѓето „ги испустија“ улиците и градовите низ цел свет. Па, така сега, сѐ почесто се гледа како дивите животни слободно ги запоседнуваат своите, можеби некогаш, природни живеалишта.

Последен пример за тоа е велшкото гратче Ландудно што периодов, нема ни туристи – а тоа е невообичаено за ова место. Околината е позната и по својата дивина и големото стадо диви кози што живеат таму.

Не е невообичаено некоја од нив и да заталка во гратчето, но сега се и многу послободни.

Ендрју Стјуарт, фотограф на „Манчестер ивнинг њуз“, на Твитер се пошегува дека повикал полиција оти козите ги прекршиле правилата за изолација и се собираат во поголеми групи, непочитувајќи го ни задолжително пропишаното меѓусебно растојание од два метра.

Според него, во местото Грејт Орм (или на велшки: И Гогарт), живее стадо од 200 диви кози. Се смета дека потекнуваат од две кашмирски кози што персискиот шах во 1837 година ѝ ги подарил на англиската кралица Виткорија.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија