ВИДЕО: Директор на иранска телевизија доби отказ поради филм со секс сцени со Џеки Чен

Од:

Иранската државна телевизија „Ириб“ отпушти директор на регионалнен телевизиски канал затоа што бил емитуван филмот „Инцидент во Шинџуку“ со Џеки Чен од кој не биле исфрлени сцените со секс. Иранските медиуми наведуваат дека сцените со неморал кои се прикажани на телевизијата „Киш“ се во целосна спротивност со правилата на „Ириб“.

Физички контакт меѓу маж и жена се забранети на екраните во Иран. Цензорите, исто така, бараат да се исфрлаат и сцени во кои мажите и жените разменуваат нежни зборови и шеги, жени со откриено лице, крупни кадри од лицата на жените и откривање на нивните вратови, како и негативен приказ на полицијата и брадестите мажи.

Новинската агенција „Тасним“ јави дека директорот на „Ириб“ наредил истрага за инцидентот и ветил дека сериозно ќе се занимава со виновниците и дека ќе ги пријави на властите.

Некои Иранци се потсмеваат на ваквиот одговор. „Автобуси се превртуваат, авиони паѓаат, бродови тонат… Никој не е отпуштен. Неколку секунди Џеки Чен води љубов на ‘Ириб’ и во истиот момент сите вработрни во тој сектор се отпуштени“, се дел од коментарите на „Твитер“.

А на „Јутјуб“ е објавена пародија во која Хитлер коментира за секс сцените на Џеки Чен.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето