ВИДЕО: Динамо во друштво на Коперфилд

Од:

Светската јавност ја фасцинираше минатото лето, кога „одеше“ по Темза.

Стивен Фрејн бил закржлавено дете кое било малтретирано во училиштето, а единствената среќа ја пронаоѓал учејќи трикови од неговиот дедо.

Неговиот дедо служејќи војска научил неколку трикови кои му ги покажувал, а малиот Стив ги надградувал и ги користел како одбрана од насилниците во училиште.

Тогашен негов омилен трик бил да го направи своето тело толку тешко што било невозможно другите деца да го подигнат. Ни денес не ја открива тајната на тој трик.

Израснал без татко, а бидејќи боледува од Кронова болест, постојано бил изложен на посебен режим на исхрана. Затоа секогаш бил помал и послаб од неговите пријатели.

Денес, тој е еден од најпознатите млади британски магионичари, човек кој успеа „да оди по вода“.

Стивен Фрејн висок е 167 цм. а тежок 50 кг. Момчето од Брадфорд е магионичарот кој настапува под името Динамо.

Светската јавност ја фасцинираше минатото лето кога „одеше“ по реката Темза. Тогаш неговиот импресивен трик го прекина полицијата.

Пред неколку дена ја доби најголемата чест во магионичарскиот свет – примен е во нивното здружение „Волшебен круг“ , и тоа во највисоката „каста“ покрај Дејвид Коперфилд и Дарен Браун.