ВИДЕО: Босанецот Мехо и зимава ја преплива реката Уна, традицијата е долга над 40 години

Од:

Температурите во Босна деновиве ретко ја преминуваат нулата на термометарот, но тоа никако не може да го спречи Мехмед Рамиќ, жител на местото Босанска Крупа, кој веќе 42 години, секој 13 јануари точно напладне, ја препливува реката Уна од едниот до другиот брег.

И годинава, Мехо, како што го знаат пријателите и познаниците, во вистински снежен зимски амбиент, го оствари својот храбар подвиг по кој е познат не само во неговата околија и во БиХ, туку и пошироко.

И денеска, како и претходните години, многумина пријатели и роднини на Мехо дошле да го проследат неговото пливање преку реката, која во Босанска Крупа е широка педесетина метри.

Рамиќ вели дека необичната традиција – тој да биде првиот што ќе се избања во Уна, во која во летните месеци се разладуваат локалните жители, всушност е негов начин да си ги провери моменталните способности и генералното здравје.

Зимското бањање во отворени води, според лекарите, има свои ризици, но не само што не е штетно за здравите луѓе, туку е и корисно. Според некои студии, пливањето во студена вода е добро и за имунитетот, а луѓето што го практикуваат имаат за околу 40 проценти помалку респираторни инфекции.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина