ВИДЕО: Барбара Поповиќ ја претстави својата најнова песна „Мирисаш“

Од:

Пејачката Барбара Поповиќ го промовираше новиот сингл кој го носи името „Мирисаш“ за која сними и видео запис.

Станува збор за тема чија што музика, аранжман и продукција потпишува Роберт Билбилов, а текстот е дело на Робин Зимбаков и Роберт Билбилов.

Видеото е снимено во Скопје и е работено под режисерската палка на Зоран Стојановски – Зонде, а во кадрите покрај Барбара се појавуваат и Роберт Билбилов, Зоран Зонде Стојановски, Александар Тарабунов, нејзината сестра и многу пријателки на Барбара, па и затоа спотот зрачи со позитивна енергија и спонтаност.

„Долго време работевме на оваа тема и размислувавме кога би било најдобро да излезе во етер и конечно се решивме, се надевам ќе им се допадне на слушателите и ќе измамиме насмевка во овој тежок период во кои се наоѓаме сите. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној кој сум го пеела до сега, малку експериментиравме, нов призвук и мислам дека „Мирисаш“ е само почеток на она што допрва ќе следи“, рече Барбара.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски