Потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ во вчерашната специјална емисија отпеа дует со Лепа Брена.
Во специјалната емисија во која натпреварувачите од „Ѕвездите на Гранд“ пееја во дует со најголемите балкански ѕвезди, Ален Хасановиќ ја имаше честа да настапи во дует со Лепа Брена.
Хасановиќ во дует со Лепа Брена ја отпеа „Један дан живота“, а потоа во придружба на Ана Бекута ја изведе „Треба времена“.
На 12. јули во Арена Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи големото супер финале на „Ѕвездите на Гранд“.