Вештачката интелигенција станува се поприсутна кај ИТ компаниите

Од:

Јонхап – Сеул

Вештачката интелигенција (АИ) во изминетите неколку децении се користеше како идеја за научно-фантастични филмови во кои иднината беше опишувана полна со роботи кои се умни како и луѓето. Во филмот „А.И. Вештачка интелигенција“, режиран до Стивен Спилберг и пуштен во 2001 година, момче робот дури сонува да стане „вистинско“ за да може да ја придобие љубовта од неговте родители-луѓе.

Сега, АИ и кибернетиката одат отаде реалноста на фикцијата и се подлабоко навлегуваат во секојдневниот живот. Без да го сфатиме тоа, АИ веќе почна да врши силно влијание во нашите животи, почнувајќи од личните асистенти кои препознаваат гласови како што е Сири на Гугл, или Алекса на Амазон инк., до посуштински технологии као што се длабокото учење алгоритми. Се поголемиот интерес за АИ станува водилка не само кај големите глобални интернет џинови, како Гугл, Амазон и Ај-Би-Ем корп., но исто и кај редица стартауп компании во овој сектор кои се обидуваат да ги користат клучните АИ технологии као што е машинското учење, автоматските преводи, самоуправувачки автомобили и умни роботи.

Американскиот технолошки гигант Гугл е очигледно лидер на ова поле, и први го привлекоа вниманието на јавноста преку врвниот натпревар помеѓу Аи програмата АлфаГо и јужнокорејскиот шампион во „го“ Ли Седол во 2016 година.

Историската победа на АлфаГо покажа како компјутерскиот софтвер ја усовршил старат кинеска игра на табла за оја се сметаше невозможно за компјутерите да победат и покажа колку напредувало учењето кај машините. Додавајќи ја кон својата платформа за учење, Гугл ја вклучи својата АИ технологија кон платформата за преводи и стана првата која го воведе својот систем НТМ (невронски машински превод) минатата година која значително го подобрува квалитетот на преведувањето и ги намалува грешките.

Системот НТМ е заснован на рамката за длабинско учење кое учи од милиони примери од преку 100 јзици кои се зборуваат во светот. За разлика од претходните машински преводи, кои беа адаптирани пред 10 години, новиот систем ја зема целата реченица како една единица. Претходните системи независни преведуваа зборови и фрази во рамките на самата реченица.

– Начинот на кој работи Гугл транслејт и што извлекува и издвојува (индексира) содржина која веќе е преведена од луѓе, вели Барак Туровски, кој е одговорен за менаџирање со производи за Гугл транслејт.

Исто како историскиот „го“ натпревар, група од четворица професионални преведувачи на почетокот на годинава се натпреваруваа против три АИ програми кои ги обезбедија Гугл, најголемиот јужнокорејски интернет пребарувач Навер инк., и видечката светска автоматска компаниија за интерпретирање Систарн интернешенел.

На овој настан, професионалните преведувачи беа поуспешни од машините во преведувањето на случајно избрани текстови од англиската литература и нелитература, на корејски јзик, и корејски текстови на англиски јазик. Помеѓу АИ преведувачките програми, Гугл беше најсупешен отколку другите две ривалски АИ машини.

– Гугл транслејт ја зголемува точноста во преведувањето на цели реченици, и се очекува квалитетот да биде уште подобар додека со текот на времето се натрупуваат нови податоци, рече Луи Ким, претставник од Гугл Кориа.

Платформата за преводи во моментов конвертира фрази и реченици од англиски на осум други јазици, меѓу кои и на корејски јазик. Од компанијата изјавија дека планираат да го аплицираат НМТ и во други јазици во својот сервис за преводи.

АИ на Гугл може не само да разбере јазици како корејскиот, туку сега може да преведува и меѓу два јазици за кои досега и не бил подготвуван.

Како прилог на автоматското преведување, Гугл исто адаптираше и алгоритми за учење за машини во својот модел за визуелност за компјутер во Гугл фотос, за да создаде забелешки кои кои точпно ќе ги опишуваат фотографиите. Оваа услуга која е достапна и онлајн и преку мобилна апликција, може автоматски да прави заднински записи, да организира и да означува фотографии за корисниците да можат брзо да ги пронајдат.

– Се надеваме дека моделот за визуелност за компјутери ќе стигне надвор од просечното човечко ниво, изјави за во март новинарите Нил Олдрин, инженер во тимот на Гугл за визуелизација.

АИ системот на Ај-Би-Ем, познат како Вотсон, функционира во сектори како здравствена грижа, финансии и малопродажба, со цел да менаџира и користи големи количини на податоци и да им помага на лекарите да донесат подобри одлуки за медициснки третмани анализирајќи ги медицинските пдоатоци на пациентите наспроти огромната бза на податоци и искуства за да донесат опции за третмани засновани на докази.

Минатата година, медицинскиот центар Гил при Универзитетот во Гахеон во вториот град по гиолемина во Јужна Кореја и во Универзитетската болница Конјанг во центарлниот дел од земјата исто го адаптираа системот кој ќе им помага на онколозите.

– Вотсон донесува одлуки на основа на цврсти докази од медицински податоци во реално време кои излегуваат секојдневно. Со помош на Вотсон, лекарите можат да донесат најдобри одлуки за третман, рече Парк Геонвок, онколог во медицинскиот центар Донгсан.

Бидејќи лекарите се мачат за да бидат во тек со големите количини податоци од истражувања и медициснки записи кои секојденвно се создавата, Вотсон претставува умешност од витално значење анализирајќи го значењето и контекстот на податоците, велат од Ај-Би-Ем. Ендрју Норден, заменик шеф за здравство во Ај-Би-Ем Вотсон хелт, вели дека Аи машините каоо Вотсон се создадени да им помагаат на лекарите, а не да ги заменат. Лекарот додаде и дека Вотсон им стана најдобриот помошник на лекарите и предвидува дека се повеќе болници ќе го прифафат овој систем во блиска иднина.

АИ технологиите исто можат да се најдат и на патиштата додека автоматизираните возила почнуваат да се појавуваат, а големите автопроизводители и технолошки фирми како Гугл Бе-Ем-Ве и Мерцедес Бенц го предводат овој тренд. Гугл прв почна да тестира автоматизирани возила во 2012 година и министеството за транспорт во САД најави дефинирање на различни нивоа на автоматизација, кои подоцна беше прифатен од повеќе земји во светот.

Водечкиот јужнокорејски интернет оператор Навер корп., неодамна исто така се пдиклучи во трката тука за развој на автономни возила откако доби дозвола од владата за тестирања на патишта на своето автономно возило. Ова возило беше 13-то самоуправувачко возило кое доби регистерски таблички во Јужна Кореја, откако министерството за транспорт воведе привремен систем за лиценцирање на самоуправувачки возила кои се во развој во февруари 2016 година. Помеѓу другите локални истражувачи на самоуправувачки автомобили се најголемиоте автопроизводители Хјундаи мотор ко., и Киа мотор ко. Двете компании, заедно со нивните подизведувачи за автоделови Хјундаи мобис ко., добија лиценци за тестирања за шест самоуправувачки автомобили.

И покрај убедувањето дека АИ може да влезе во секојдневниот живот, растот на оваа технологија отвара и други прашања па дури и загриженост во контекст на дозволување мажините самите да размислуваат, а некои дури и се резервирани дека таквиот прогрес може да стане закана за човештвото.

Експерти и академици се поделени околу овие прашања, при што едната страна вели дека може да се изгубат работни места заради таквиот развој на технолошки прогреси кога АИ технологиите ќе станат поумни од луѓето. Од друга страна, многу ексерти велат дека АИ само ќе служи да се засилат капацитетите на луѓето.

-Понекогаш АИ погрешно се сфаќа како технологија која ќе ги замени луѓето. Сепак, клучната вредност на АИ е што тоа ја засилува способноста на луѓето за да вршат работни задачи кои досега не беа возможни, вели Ким Јин-хјунг, шеф на приваѕно финансираниот АИ Истражувачки центар.

– Резултатот зависи од тоа како луѓето ја користат АИ и сепак постои потреба од понатамошни дискусии за етичките и социјалните импликкции од тоа.

Би можело да ве интересира

Вештачката интелигенција го враќа Елвис на турнеја

А1он

Вештачката интелигенција може да ја предвиди и евентуално да ја спречи смртта

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

ОН повикуваат на мораториум за системите за вештачка интелигенција

А1он