Вермонт ќе им плаќа на луѓето да се преселат таму

Од:

Од 1 јануари во американската сојузна држава Вермонт стапи во сила закон со кој таа ќе им плаќа на луѓето да се преселат во неа.

Државата им дава на луѓето до 10.000 долари во период од две години за вработени во компании надвор од Вермонт, а кои сакаат да работат далеку од своите домови.

– Имаме демографски проблем во државата. Ни требаат повеќе луѓе, изјави гувернерот на Вермонт, Фил Скот.

Според американското Биро за попис на населението, Вермонт е трета држава по ред со највисока стапка на средовечни луѓе (42,7 години).

Меѓутоа, сите кои се заинтересирани треба да побрзаат бидејќи финансиските средства за програмата се ограничени и ќе се доделуваат по принципот „прв дојде, прв доби“. Законодавците одобриле 500.000 долари за оваа програма.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност