Уште еден познат српски актер е во тешка состојба со Ковид-19

Од:

Познатиот српски и југословенски актер од постарата генерација, Власта Велисављевиќ е на интензивна нега во болница во Белград, откако му се јавиле компликации по инфекција со коронавирусот, пишуваат српските медиуми.

Неговите блиски велат дека чекаат информации за состојбата на 94-годишниот актер.

„Се уште е сериозно, но тој е во добра болница. И јас чекам информации, на интензивна нега е, па не можев да разговарам со него,“ вели сопругата на Велисављевиќ, Нада за Б-92.

Таа додава дека олеснителна околност е тоа што актерот нема никакви хронични заболувања, не пие, не пуши и слично.

„Тоа се случи онака, одненадеж. Тој секогаш го проверуваше своето здравје. Цела мината година никаде не излегувавме, се ни носеа до врата. Сега излегуваше малку околу регистрацијата на автомобилот и мислам дека тогаш се зарази. Сепак има надеж, добри лекари се грижат за него,“ вели сопругата Нада.

Велисављевиќ, кој има преживеано престој во нацистички логор во Германија за време на Втората светска војна, беше примен во болница неделава, е медиумите пренесоа дека поради тешката состојба, бил приклучен на респиратор.

Тој не е првиот повозрасен српски актер кој се бори против опасниот вирус. Во ноември, колегата на Велисављевиќ, Иван Бекјарев, почина од компликации на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати